Хамилтон стигна прв до целта низ улиците на Баку

Британецот Луис Хамилтон е победник на Големата награда на Азербејџан која се возеше низ улиците на Баку. Тоа е негова прва победа во 2018 година, а вкупно 63. во кариерата, остварена и со помош на фортуната. На второто место се пласира Кими Раиконен, а трет е Серхио Перез, како големо изненадување. Себастијан Фетел водеше во поголем дел од трката, но на крајот мораше да се задоволи со четвртата позиција. По него, низ целта минаа Сајнц и Леклерк.

Оваа трка во Баку донесе многу возбудувања. Имаше рестарт на четири круга пред крајот и во финишот се случија многу интересни возбудувања. Фетел се обиде да претекне, но на крајот ризикот не му донесе подобра позиција, туку остана четврти. Валтери Ботас на три круга се откажа кога беше на првата позиција. Пукна неговиот десен заден пневматик, и остана без пласман. И по ова, Хамилтон доби отворен простор за да триумфира.

Се вчитува...