Хамилтон суверено до петтата победа во Шангај

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон триумфираше на Големата награда на Кина, втората трка од новата сезона во шампионатот на Формула 1.

Хамилтон на патеката во Шангај суверено стигна до првиот трофеј сезонава, откако водеше од самиот почеток па до крајот на трката. За него ова е вкупно петта победа во Кина, нешто кое не му успеало на ниту еден формула 1 возач досега.

F1 KINA

Британецот трката ја заврши со време од 1:37:36.160, пред Себастијан Фетел кој заостана повеќе од шест секунди, и Макс Ферстапен, кој стартуваше од 16-та позиција а успеа да ја комплетира тројката на подиумот.

Motor Racing - Formula One World Championship - Chinese Grand Prix - Race Day - Shanghai, China

Хамилтон и Фетел по две трики имаат по едно прво и едно второ место, па ја делат првата позиција во генералниот пласман.

За разлика од многу претходни, трката во Кина беше исклучително интересна. Освен херојското возење на Ферстапен, трката беше одбележана и од сударот на Џовинаци веќе во четвртиот круг. Безбедносното возило мораше да биде на патеката, што овозможи далеку полесна победа на Англичанецот.

Четвртото место на трката го освои Даниеле Рикардо од Ред Бул, а петти беше возачот на Ферари, Кими Раиконен. Бодови уште освоија и Валтери Ботас од Мерцедес, Карлос Саинц од Торо Росо, Кевин Магнусен и двајцата возачи на Форс Индија, Серхио Перес и Естебан Окон.

Следната трка од Ф1 шампионатот е во недела, 16. април од 17 часот за Големата награда на Бахреин.

Се вчитува...