И последната трка од Фрмула 1 шампионатот ја потврди доминацијата на Луис Хамилтон сезонава. Тој триумфираше на последната трка за Големата награда на Абу Даби пред Себастијан Фетел и пред Макс Ферстапен. За Хамилтон ова е 11 победа сезонава, 73 во кариерата.
Во генералниот поредок сезонава, зад Хамилтон се Себастијан Фетел кој долго му беше конкурент за титулата и Кими Раиконен кој првенството го завршува на третото место.
Двократниот шампион, Фернандо Алонсо со оваа трка ја заврши кариерата во Формула 1. Во Абу Даби заврши на 11 место.
Новата Формула 1 сезона почнува на 17 март следната година со трката во Австралија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА