Луис Хамилтон е победник на Ф1 трката за Големата награда на САД, зголемувајќи ја дополнително предноста и во генералниот пласман пред Себастијан Фетел кој заврши како второпласиран на трката во Остин.
Хамилтон стартувајќи од својата 72 пол-позиција, стигна до 62-та победа во Формула 1 и сега, на три трки до крајот на шампионатот, е со зголемена предност во однос на Фетел кој денеска беше втор на трката во САД. Фетел одлично ја почна трката заземајќи ја водечката позиција, но потоа дозволи да биде претекнат од Хамилтон кој лесно до крајот ја чуваше водечката позиција.
Во интересна завршница на третото место заврши Макс Верстапен, откако во последниот круг успеа да го претекне Кими Раиконен. Но, потоа Верстапен доби казна од 5 секунди поради напуштање на патеката, по што со дополнителна судиска одлука, Кими Раиконен се најде на подиумот на третото место.
Верстапен, на крајот, официјално заврши како четврти пред Ботас.
За Хамилтон сега се неопходни само три бода до крајот на Ф1 шампионатот за да стигне до посакуваната титула.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА