Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон изјави дека внимателно следи што се случува во Ферари, тимот што ќе го води следната сезона.
На Британецот му преостануваат уште четири трки за тимот со кој освои шест од седумте шампионски титули, а потоа се сели во славната Скудерија.
„Секако дека мислам на мојата иднина. Внимателно следам што прави тимот на Ферари“, изјави Хамилтон.
Ферари победи на последните две трки во Остин и Мексико Сити. Леклер славеше во Тексас, додека Сајнц чие место ќе го преземе Хамилтон победи во Мексико.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА