„Хамилтон во Ферари ќе биде фаворит за титула“

Првиот човек на Ред Бул, Кристијан Хорнер предвидува дека Луис Хамилтон ќе се бори за светската титула во Формула 1 во 2025 година со болидот на Ферари.

Британецот го најави своето изненадувачко заминување од Мерцедес во Ферари во февруари, само неколку месеци откако го продолжи договорот со Мерцедес на една година. Преселбата на Хамилтон во Ферари е најголемиот трансфер во Формула 1 од 2012 година кога од Мекларен премина во Мерцедес.

Тимот од Италија оваа сезона покажува се подобра форма под водство на Фредерик Васер, што дополнително ги зголемува очекувањата со доаѓањето на Хамилтон.

„Тој доаѓа од средина во која помина повеќе од десет години, така што ова сигурно ќе биде голема промена за него. Но, Ферари делува во добра форма и возач како Луис е секогаш претендент за титулата“, изјави Хорнер.

Се вчитува...