Хамилтон во Ферари: Не беше тешко да се убеди!

Луис Хамилтон, по 12 години минати во Мерцедес, од новата сезона во Формула 1 се сели во редовите на Ферари. Директорот на Ферари, Фредерик Васер вели дека воопшто не било тешко да се убеди Хамилтон да дојде во Ферари.

„Во 2023 година победивме на повеќе трки отколку Мерцедес, и тоа му беше јасно и на Хамилтон. Имавме навистина и добар почеток на сезоната, па воопшто не беше тешко да го убедиме Хамилтон да потпише со нас. На Луис најмногу му се допадна новиот проект кој го подготвува Ферари и тоа пресуди“ – вели Васер.

Хамилтон првпат ќе влезе во болидот на Ферари на претсезонските тестирања во Бахреин од 26 до 28 февруари.

Се вчитува...