Хамилтон во ново издание – Можеби тоа не им се допаѓа на фановите, но така се освојуваат титули

На минатонеделната прва трка за ГН на Австралија со која стартуваше новата сезона во Формула 1, Луис Хамилтон ја испушти победата, а на подиумот заврши Себастија Фетел со Ферари. На десетина круга пред крај Хамилтон се уште имаше шанса да стигне до првата победа, по лошата стратегиска проценка на тимот на Мерцедес. Но, Британецот претпочиташе да не ризикува во битка со Фетел во последните кругови и да го сочува моторот за наредните трки.

При крајот на трката, моторот почна да се прегрева. Прво нешто што ми падна на памет во текот на треката беше дека треба да извозам седум долги трки со овој мотор. Пред да се појави проблемот бев на граница на можностите и тоа се одрази на крај. Верував дека ќе можа да го притиснам Фетен на самиот крај. Но, после забележав дека гумите се истрошени и претпочитав да не ризикувам непотребно и да завршам со оштетен мотор уште на стартот на сезоната. Едноставно, не вредеше само за тие седум бода“ – истакна Луис Хамилтон.

Возачот на Мерцедес потенцира дека овој потег можеби не е популарен за фановите, но е многу порационален за постигнување на крајната цел.

„Од минатата сезона успевам да ја видам големата слика и тоа ми помага во стратегиските планови. Претходно, тоа беше спротивно на мојот натпреварувачки дух што го носам во себе уште од мал. Сега размислувам многу порационално. Можеби тоа не им се допаѓа на фановите, но денес таква е реалноста во Формула 1 и треба да се придржувам на сегашната стратегија, ако сакам да освојувам титули“ – вели актуелниот шампион во Формула 1.

Се вчитува...