Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон вели дека би сакал четирикратниот светски шампион Себастијан Фетел да се врати во Формула 1, што би било неверојатна опција за германскиот тим.
Хамилтон, кој од следната сезона ќе води за Ферари, вели дека сака во Мерцедес да го замени некој со интегритет и вредности кои се во согласност со тимот.
Фетел, пак, на крајот на 2022 ја заврши кариерата, но неодамна во изјава за „Скај“ рече дека размслува за враќање во Ф1-циркусот.
„Би сакал Себ да се врати. Тој би бил неверојатна опција за Мерцедес“ – вели Хамилтон околу опцијата за негов наследник во Мерцедес, притоа дополнувајќи:
„Единствено ми е важно во тимот да дојде некој квалитетен со интегритет. Некој со чувство да работи со овие извонредни луѓе. Има многу феноменални лица во овој тим, а возачи има малку посебични од другите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА