Луис Хамилтон ќе стартува ако првопласиран на утрешната трка за ГН на Белгија, откако Британецот најдобро се снајде на променливите временски услови за време на денешните квалификации на патеката „Спа“. Со тоа Хамилтон ја продолжи доминацијата на Мерцедес бележејќи ја шестата пол-позиција во низа за овој тим, воедно и самиот испишувајќи историја како прв што успеал да стигне до пет пол-позиции на оваа легендарна патека.
Себастијан Фетел беше на чекор да ја прекине серијата на Мерцедес, остварувајќи најдобро време на влажната патека по дождот за време на третата квалификациска рунда. И кога се чинеше дека пол-позицијата на Германецот е сигурна, патеката во последните минути се исуши, а Хамилтон го искористи тоа за да оствари најдобро време.
Интересно, во вториот ред зад Хамилтон и Фетел ќе стартуваат Окон и Перез, зад кого следат Грожан, Раиконен и Ферстапен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА