Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон е максимално амбициозен по трет пат да победи на трката за ГН на Монако што се вози викендов низ улиците на Кнежевството. Британецот на култната трка прв пат триумфираше во 2008 година, лани го повтори успехот, а годинава верува дека може да ја одбрани титулата. Хамилтон го знае и патот до победата истанувајќи дека за триумф низ тесните улици на Монте Карло требаат „челични“ нерви.
„Најважно е прво да научиш да одиш пред да почнеш да се затрчаш. Исто е и во Монако, треба постепено да го подигнуваш темпото, со секој следен тренинг пред квалификациите и неделната трка. До победа низ улиците во Монте Карло не се стигнува само со талент туку требаат и „челични“ нерви. Само една секуда ако ти попушти максималната концентрација, директно отпаѓаш без право на втора шанса“ – вели Луис Хамилтон.
По првите пет трки во Ф1 шампионатот, Луис Хамилтон е на второто место во генералниот пласман на возачи, со шест бода заостанување зад водечкиот Себастијан Ветел од Ферари. Во конкуренција на конструктори, Мерцедес ја држи лидерската позиција со осум бода предност пред Ферари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА