Четирикратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, не платил данок на додадена вредност за неговиот приватен авион вреден 16.5 милиони фунти. Долгот на Хамилтон е откриен со отворањето на т.н. „Рајски документи“, доверливи податоци откриени од Меѓународниот конзорциум на новинари истражувачи со над 13.4 милиони документи за финансиски малверзации на многу политичари, бизнисмени, спортисти и ѕвезди од шоу бизнисот кои протекоа од оф-шор правната фирма „Ејплби“.
Светскиот шампион во Ф1 кој е еден од најдоброплатените спортисти во светот купил приватен авион, но данокот од 3,3 милиони фунти веднаш му е одбиен. Зделката е направена на островот Ман пред четири години.
Веќе е познато дека Луис Хамилтон најголем дел од својот капитал го чува во Швајцарија и во Монако заради даночните олеснувања. Бруитанската телевизија Би-би-си наведува дека во документите за авионот пишува дека тој го користи за бизнис цели, што не е во целост точно. Според доказите на Би-би-си, една третина од патувањата на 32-годишниот возач во тимот на Мерцедес, се приватни забави за што Хамилтон често знае да е пофали на социјалните мрежи.
Адвокатот на Хамилтон за британската телевизија изјавил дека финансиите околу купопродажбата на приватниот авион на Хамилтон се потполно легални, и најавил тужба по спроведувањето на истрагата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА