Хамилтон: Знаев дека нема да ми ја одземат победата

Бев убеден дека нема да ми ја одземат победата, изјави Луис Хамилтон откако беше расчистен случајот околу неговата грешка во возењето на трката за Големата награда на Германија од Формула 1 шампионатот. Актуелниот шампион мораше да чека два и пол часа на одлуката на стјуардите по драматичната трка во која, Фетел не дојде до финишот, а Британецот триумфираше. Хамилтон ја задржа победата, а доби само укор.

„Нема да ми ја одземат“ – им рекол Хамлтон на членовите на неговиот тим пред да оди да сведочи за обвинувањето дека направил грешка во возењето во моментите кога имаше безбедносно возило на патеката, а тој пресече преку тревата и ја задржа позицијата.

„Никој не сака да оди кај стјуардите. Тие ја имаат најтешката работа, но ова беше неверојатен ден. Знаев дека ќе заврши добро“ – изјави Хамилтон.

По трката во Германија, пилотот на Мерцедес се врати на лидерската позиција во генералниот поредок со 17 бода повеќе од Себастијан Фетел.

Се вчитува...