Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, изјави дека неговиот главен ривал за титулата во тековнава сезона, Макс Ферстапен од тимот на Ред Бул, е под голем притисок.
Според Луис, Холанѓанецот е во позиција за првпат во кариерата да биде конкурентен за пехарот.
„Се сеќавам како ми беше кога првпат влегов во таква битка. Беше тешко, бараше многу интензитет, доживеав многу различни емоции. Знам дека има големи очекувања и голема напнатост бидејќи желбата за победа е огромна. Одлично го разбирам,“ рече 36-годишниот Британец.
За потсетување, пред неделната трка во Русија, Ферстапен води со пет бодови во генералниот пласман пред Хамилтон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА