Хамшик: Македонци не ме познаа кој сум бидејќи имам нов имиџ

Поранешниот капитен на фудбалската репрезентација на Словачка и легенда на Наполи, Марек Хамшик на новинарите има раскажа интересна ангедота поврзана со Македонија.

Тој  кој по завршувањето на кариерата го промени својот препознатлив имиџ, вели дека Македонци не го препознале на улица.

„Има моменти кога луѓето не ме препознаваат. Пред неколку дена шетав и налетав на група Македонци кои сакаа да се фотографираат, но сакаа јас да ги фотографирам нив. Ги фотографирав и им реков дека го познавам нивниот поранешен капитен Горан Пандев, но не ми веруваа. Потоа отидоа на „гугл“ и на крајот сепак сфатија кој сум, па се фотографиравме заедно,“ раскажа Хамшик. 

 

Се вчитува...