Марек Хамшик на почетокот од годинава го напушти Наполи и прифати мултимилионски трансфер во далечната Кина. Словачкиот ас не очекуваше дека ќе има толку големи проблеми со адаптацијата, па за последниот меч со Пекинг го загуби и првотимскиот статус, откако на претходните пет натпревари во дресот на Далијан Јифанг не забележа ниту гол, ниту пак асистенција.
„Не можам да бидам задоволен од моите изданија, тоа е сосема нормално. Ништо не е променето во мојот став, секогаш давам се за тимот, но никогаш не ми било вака во кариерата. Главниот проблем ми е во комуникацијата со соиграчите, не разбирам ниту збор кинески, а тие не знаат ниту еден од европските јазици. Затоа најчесто комуницираме со мимики, нема да се разбереме најдобро и тоа се одразува врз игрите на теренот и врз резултатите на тимот. Разликата во стилот на игра во Кина во однос на европскиот фудбал е огромна, но се надевам дека набрзо ќе ги надминам проблемите и ќе се адаптирам“ – истакна Хамшик.
Тимот на Далијан во првите седум кола забележа само една победа и се наоѓа на 11 место на табелата, со 15 бода заостанување зад лидерот Пекинг Гуан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА