Хамза Рамани: Тестовите со Полска и БиХ се добредојдени за подобрување на неколку аспекти во играта!

Младата репрезентација на Македонија до 21 година под водство на селекторот Драган Канатларовски ги стартуваше подготовките за претстојните контролни натпревари против Полска и Босна и Херцеговина.

Првиот контролен дуел против Полска, Македонија го игра на 1. јуни во Радом, а четири дена подоцна во Кониќ игра со селекцијата на Босна и Херцеговина.

Стандардниот репрезентативец, Хамза Рамани вели дека овие подготовки се добредојдени за подобрување на неколку аспекти во играта.

„Овој квалификациски циклус го започнавме одлично, со издвоената победа над силната селекција на Шведска на гостински терен, но на другите натпревари кај што важевме за фаворити, не успеавме да го оправдаме тоа, одигравме лошо на тие натпревари, со што и ја загубивме можноста да се надеваме на висок пласман во овие квалификации.  Треба да се подобриме во неколку аспекти во играта. Мораме да поработиме на организацијата на играта, како и самата реализација. Доколу ги подобриме овие клучни делови на нашата игра, верувам дека можеме да оствариме многу подобри резултати и да се натпреваруваме со било која селекција.  Ние како професионалци секогаш сме подготвени да се ставиме на располагање на селекторот и неговиот стручен тим. Иако е крај на првенството, кога се работи за репрезентацијата тука сме да го дадедеме максимумот. Овие контролни натпревари ќе бидат одлична можност да ја подобриме нашата игра. Се надевам дека ќе оствариме позитивни резултати против Полска и Босна и Херцеговина“ – вели Рамани.

Се вчитува...