„Немав пари за корка леб, сега имам, но никогаш нема да ме променат„

Чеченскиот борец Хамзат Чимаев за неколку месеци стана вистинска ѕвезда на УФЦ. Дебитираше во текот на летото со две победи за 10 дена, а потоа оствари импресивна трета победа и стана вистинска ѕвезда во светот на борците. Кога првпат пристигнал во Шведска и пред официјалните УФЦ борби, тој буквално немал што да јаде. Спиел во ходникот и буквално преживувал, а денес е голема ѕвезда која има пари и за повеќе од нормален живот.

„Немав ништо во џеб, немав што да јадам. Сега имам пари, но ништо нема да ме промени. Јас сум се уште истиот човек, истиот Хамзат и ќе бидам таков цел живот”, вели Чимаев.

Камзат ќе го има најтешкиот предизвик во кариерата во јануари. Тој ќе се бори против Леон Едвардс, а во случај на победа дефинитивно ќе има можност да ја нападне титулата во средна или во полутешка категорија.

Се вчитува...