Микел Хансен и во големото финале против Норвешка беше најдобар стрелец на Данска, како што тоа беше случај и на речиси сите натпревари што Данците ги одиграа на овој Мундијал. Тој не го криеше задоволството по првата титула светски првак во историјата на данскиот ракомет, што е надополнување на прекрасниот месец за него.
„Ова е прекрасна година за мене, прво добив син, сега станав и светски шампион. Секако дека сум пресреќен. И претходно имавме шанси за оваа круна, но сега кога дојде да се решава во Хернинг, во нашата сала, знаевме дека не смееме да ја пропуштиме оваа можност. Цело првенство игравме извонредно и во напад и во одбрана, ментално бевме подготвени за притисокот врз нас и ова е конечниот резултат, Данска е светски првак“ – изјави Хансен веднаш по натпреварот.
Воедно, асот на ПСЖ покрај МВП наградата го доби и признанието за најдобар стрелец на СП 2019, со вкупно 72 постигнати погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА