Микел Хансен апсолутно заслужено е добитник на МВП-признанието за најкорисен ракометар на СП 2019, откако асот на ПСЖ му помогна на данскиот национален тим да стигне до златниот медал. Хансен играше извонредно во текот на целиот Мундијал, беше најефикасен во данскиот табор и во големото финале, покажувајќи зошто се уште важи за еден од најдобрите ракометари на денешницата.
Интересно, вицешампионот Норвешка има најмногу претставници во дрим-тимот објавен по финалето. Сагосен, Мирхол и Јондал се дел од „идеалната седумка“ на шампионатот, Данска ги има голманот Ландин и средниот бек Лауге, а дрим-тимот го комплетираат Германецот Вајде и Шпанецот Соле.
ИДЕАЛЕН ТИМ НА СП 2019
ГОЛМАН: Никлас Ландин (Данска)
ЛЕВ БЕК: Сандер Сагосен (Норвешка)
СРЕДЕН БЕК: Расмус Лауге (Данска)
ДЕСЕН БЕК: Фабијан Вајде (Германија)
ЛЕВО КРИЛО: Магнус Јондал (Норвешка)
ДЕСНО КРИЛО: Феран Соле (Шпанија)
ПИВОТ: Бјарте Мирхол (Норвешка)
МВП НА СП 2019: Микел Хансен (Данска)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА