Данска игра одлично на почетокот од Светското првенство, актуелните олимписки шампиони забележаа две рутински победи во рамките од групата Д, а по триумфот над Египет најдобриот дански ракометар Микел Хансен се осврна на тешката повреда што ја заработи неговиот тимски соиграч од ПСЖ, францускиот репрезентативец Лука Карабатиќ.
„Многу ми е жал за Лука Карабатиќ. Пред три години играв на Европско Првенство на домашен терен и знам колкава е мотивацијата да се успее, да се стигне до злато пред своите гледачи. Пред шампионатот разговаравме и знам дека беше максимално мотивиран за овој мундијал, затоа сега ми е криво што заработи тешка повреда“ – истакна Хансен.
Французите веќе донесоа одлука, местото на Карабатиќ во националниот тим ќе го заземе Дика Мем, младиот „бомбардер“ кој му е резерва на Кире Лазаров во Барселона беше повикан да се врати во татковината и да му се стави на располагање на селекторот Динар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА