Хансен МВП, скандинавска доминација во дрим-тимот на Светското првенство

Заслужено репрезентативците на Данска и Шведска доминираат во дрим-тимот на Светското првенство во Египет. Заслужено Микел Хансен е избран за најкорисен ракометар на Мундијалот. Покрај МВП наградата тој се закити и со признанието за најдобар лев бек, а од шампионот Данска во тимот се најде уште и десниот бек Матиас Гидсел.

Шведска има дури тројца во најдобриот тим. Центарот Годфридсон, левото крило Хампус Ване, како и голманот Паличка. На лево крило е Феран Соле од Шпанија, а за најдобар пикер е избран Лудовик Фабрегас од Франција.

Катарскиот репрезентативец Франкис Марзо е најдобар стрелец со 54 постигнати гола.

МВП – Микел Хансен (ДАНСКА) 

ЛЕВО КРИЛО – Хампус Ване (ШВЕДСКА) 

ЛЕВ БЕК – Микел Хансен (ДАНСКА) 

ЦЕНТАР – ЏИМ ГОТФРИДСОН (ШВЕДСКА) 

ДЕСЕН БЕК – МАТИЈАС ГИДСЕЛ (ДАНСКА) 

ДЕСНО КРИЛО – ФЕРАН СОЛЕ САЛА (ШПАНИЈА) 

ПИКЕР – ЛУДОВИК ФАБРЕГАС (ФРАНЦИЈА) 

ГОЛМАН – АНДРЕАС ПАЛИЧКА (ШВЕДСКА) 

НАЈДОБАР СТРЕЛЕРЦ – ФРАНКИС МАРЗО (КАТАР) 

Се вчитува...