Барселона потешко од очекувањата славеше над Мајорка со 1-0 во меч на кој тренерот Ханси Флик им даде одмор на неколку стандардни првотимци во пресрет на големото финале на Копа дел реј против Реал Мадрид.
На листата на оние кои се стандардни цела сезона, а синоќа не настапија ниту минута најистакнато име е Жил Кунде – пред се поради неверојатната серија што десниот бек ја имаше во пресрет на овој натпревар.
Имено, Кунде настапи на последните 104 натпревари што ги играа Барселона и француската репрезентација, тој немаше ниту повреда ниту пак суспензија и редоводно беше дел од својот клуб и од националниот тим. Последниот меч што десниот бек го пропушти беше дуелот со Рајо Валјекано во ноември 2023 година, а серијата од 104 меча почна од дуелот во ЛШ против Порто истиот месец, и траеше се до вчера.
Кунде без сомнеж ќе биде стартер во големото финале на Копа дел реј против Реал. Тој сезонава настапи на 51 натпревар за Барса, постигнувајќи три гола и осум асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА