Германскиот гигант Баерн Минхен доживеа шокантна елиминација од Купот на Германија од Кил по пеналите со 5-6 (2-2) во натпревар во кој повторно одбраната на баварскиот тим одигра очајно.
За Баерн секако е огромен шок елиминацијата во 1/16-финалето. Последен пат во оваа фаза од натпреварувањето во Купот на Германија испаднаа пред повеќе од 20 години.
„Ова за нас е срам, шок, разочарување огромно“ – истакна веднаш по мечот тренерот на Баерн, Ханси Флик, притоа дополнувајќи:
„Првиот нивни гол беше копија на сите оние голови кои ги примаме последните неколку натпревари. Не ги браниме добро тие ситуации. Мора да имаме поголема дефанзивна компактност. Како и да е, мора да го надминеме овој пораз и да продолжиме со работа. Нема враќање назад.“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

