Барселона се искачи на врвот на табелата во Ла Лига по триумфот над Реал Сосиедад со 2-1 и тоа по целосен пресврт во 5. коло.
Оваа победа наиде на големо задоволство кај тренерот Ханси Флик кој на преконференцијата за медиуми издвои и еден фудбалер кој го смета за незаменлив во тимот. Станува збор за Педри кој одигра нов фантастичен натпревар.
„Тој е посебен. Тој е нашиот лидер, тој е незаменлив.. Кога е на теренот тој е насекаде. Тој е многу значаен за нас“, изјави германскиот стратег.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

