Тренерот на Барселона, Ханси Флик не можеше да го сокрие воодушевувањето по синоќешната неверојатна победа на неговиот тим од 4-5, по огромен пресврт, на гостувањето против Бенфика во Лисабон во Лигата на шампионите.
Гостите се до 77. минута од натпреварот имаа негатива од 2-4, а потоа Барселона со три гола, од кои последниот во 96. минута, се избри за неверојатни 4-5…
„Неверојатно луд и откачен натпревар. Ова е фудбал, го сакаме фудбалот токму поради вакви натпревари. Презадоволен сум од карактерот кој го покажавме. Успеавме да направиме пресврт и да победиме. Мислам дека Бенфика одигра извонредно, ние не се браневме добро, па на крајот се обидовме да направиме нешто поинакво и ни успеа во тоа“ – рече Флик по мечот, притоа дополнувајќи:
„Да бидам искрен, мислам дека вакво нешто не сум видел досега во кариера откако сум тренер. Таков пресврт за 15 минути, сето тоа реално е фантастично. Иако, мора да се каже дека Бенфика беше многу добра во транзиција и ни направи големи проблеми. Ние, пак, имаме многу за анализа затоа што често бевме лошо позиционирани во одбрана. Во второто полувреме се коригиравме, мора да се признае дека измените придонесоа многу за завршниот резултат“.
Барселона со оваа победа го обезбеди пласманот во осминафиналето во Лигата на шампиони, па нема да игра прелиминарна рунда за да се најде меѓу 16 најдобри во Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

