Ханси Клик: Прекрасно е да се гледа ова семејство кое го изградивме во Барселона

Ханси Флик со три трофеи ја заокружи сезоната во Шпанија, освојувајќи ги трофеите со Барселона во Ла Лига, Суперкупот на Шпанија и во кралскиот куп. Нешто кое и најголемите заљубеници во Барселона не го очекуваа.

Па, Флик не го криеше воодушевувањето по победата синоќа над Еспањол од 0-2 и со тоа потврдувањето на трофејот во Ла Лига.

„Во втората половина од сезоната бевме неверојатни. Немаме пораз и тоа навистина е одлично. Многу сме среќни со тоа што го постигнавме, и затоа честитики буквално до сите. Мислам дека немав доволно време да го објаснам тоа досега, но навистина ја ценам културата што ја создадовме, ова семејство што го изградивме во Барселона. Прекрасно е да се види страста и љубовта во која живее ова семејство. Како се грижиме еден за друг. Тоа е уникатно и јас сум навистина воодушевен“ – рече Флик, не штедејќи зборови и за тинејџерското чудо Ламине Јамал.

„Овие трофеи секако не може да ги донесе само еден човек или еден играч. Ова се успеси на тимот. Секако, Ламин беше важен, но ние сме тим и тоа е најважното. Секој си ја заврши својата работа одлично. Сега само едно знам. Сите навивачи можат да бидат горди. Ламин веќе има постигнато и други вакви голови. Секој ден на тренинг ја вежба таа иста финта, а ова беше совршен погодок“ – вели стратегот на Барселона.

Се вчитува...