Хаосот со санкционирањето на клубовите од Премиер-лигата за прекршување на финансискиот ферплеј продолжи откако денеска му беше изречена нова казна на Евертон, со одземање на дополнителни два бода од салдото на „карамелите“.
Овој клуб беше санкциониран со одзеање на десет бода, потоа по поднесената жалба казната беше намалена на минус шест бода, но новата истрага против премиерлигашот од „Гудисон Парк“ придонесе да биде донесена и нова пресуда, овојпат со одземање на два бода од премиерлигашката табела.
Клубовите имаат право да забележат загуба од 105 милиони фунти во рок од три години, а Евертон според истрагата ја надминат границата за 16,6 милиони фунти, за што следела и најновата казна.
Со оваа санкција „карамелите“ повторно се вратија во опасната зона во битката за опстанок и моментно се наоѓаат на 16. место на табелата, со само два бода предност пред Нотингем на 17. позиција и Лутон, кој е прв во „зоната за испаѓање“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА