Хаос: Челси му го откажа трансферот во Баерн, Џексон не сака да се врати назад

Никлас Џексон утрово отпатува од Лондон за Минхен за да го комплетира трансферот во Баерн, откако баварскиот гигант се договори да плати 15 милиони евра на Челси за едногодишна позајмица на овој голгетер. Буквално се беше договорено, но сега трансферот е пред колапс откако Челси се премисли по повредата што Делап ја заработи на самиот почеток од дуелот со Фулам.

„Сините“ експресно реагирале информирајќи го Баерн дека трансферот се стопира, воедно порачувајќи му на Џексон да се спакува и да се врати назад во Лондон. Голгетерот бил бесен по ваквиот однос на својот актуелен клуб, порачувајќи преку агентот дека нема намера да се врати откако јасно му беше ставено до знаење дека не е дел од плановите на тренерот Енцо Мареска.

Челниците на Челси се децидни на ставот дека Џексон мора да се врати назад, тој веќе нема клупска дозвола за да ги мине лекарските прегледи во Минхен, па останува да се види разврската на овој тотално неочекуван хаос.

Се вчитува...