Војната меѓу Макс Ферстапен и Луис Хамилтон продолжува на секоја трка од Формула 1 шампионатот, а како што се приближува крајот на сезоната така и нивните дуели стануваат се пожестоки.
Нова епизода беше оваа денешната на трката во Саудиска Арабија, кога Хамилтон со предниот дел од болидот се удри во лутиот ривал.
Британецот се обидуваше да го мине Ферстапен, возачот на Ред Бул доби сугестија од својот тим да му ја препушти позицијата на големиот ривал, но токму во моментите кога се очекуваше Хамилтон да избие на првото место, тој се судри во Ферстапен, по што двајцата возачи останаа на патеката.
El extraño accidente entre Lewis Hamilton y Max Verstappen
— F1 + (@F1plus__) December 5, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

