Бурен дел во балканскиот фудбал. По инцидентот меѓу навивачите на Сараево и Железничар во Босна и Херцеговина, голем инцидент меѓу навивачки групи се случи и во Црна Гора.
Натпреварот меѓу Дечиќ и Будуќност беше прекинат во 17. минута откако навивачите се степаа на трибините, па фудбалерите мораше да заминат во соблекувалните.
Спорен момент во шеснаесетникот на гостите предизвика хаос на трибините каде навивачите почнаа да се гаѓаат со столчиња, а повреден беше и голманот на Будуќност.
Dečić – Budućnost
05.03.2022. pic.twitter.com/fOcRDcEVhz— Avlijaner 🇲🇪 (@mneromano) March 5, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА