Хаос кај ривалот на Македонија: Нови шест ракометари се позитивни на коронавирус

Репрезентацијата на Црна Гора се соочи со нови проблеми на само шест дена до стартот на европскиот шампионат во ракомет, откако ривалот на Македонија во групната фаза во Дебрецин информираше за нови случаи на коронавирус на денешното тестирање.

Имено, шест ракометари на Црна Гора, заедно со два члена на стручниот штаб, биле позитивни на тестирањето во Подгорица, што дополнително ја комплива ситуацијата за оваа репрезентација пред патувањето за Дебрецин.

„Последното задолжително тестирање ќе биде извршено в понеделник, кога ќе се знае и конечниот список на патници за првата фаза. Само играчите и членовите на делегацијата кои ќе бидат негативни ќе патуваат за Дебрецин, каде ќе ги играат натпреварите со Данска, Македонија и со Словенија“, се вели во соопштението на Ракометната Федерација на Црна Гора.

Македонија ќе се сретне со селекцијата на Црна Гора на 15 јануари, во рамките од второто коло од групата А на ЕП 2022.

Се вчитува...