Демаркус Казинс, американски кошаркар, е суспендиран до крајот на сезоната поради неспортско однесување. Центарот на Гвајнабо Метс беше исклучен од натпреварот за шампионатот во Порторико откако жестоката расправија со навивачите прерасна во тепачка откакопретходно беше исфрлен од теренот.
Четирикратниот НБА Ол-стар играч, Демаркус Казинс предизвика хаос во Порторико за време на натпреварот на неговиот тим против Вакерос де Бајамон. Поради ова, популарниот „Буги“ е казнет – суспендиран до крајот на сезоната!
Тој беше казнет и со 4.250 долари, што може да се зголеми на 5.750 долари, а истото ќе се случи и со навивачите кои се идентификувани и им е забранет влез во салата до крајот на сезоната. Тимот на Бајамон Вакерос беше казнет со 7.500 долари поради безбедносни пропусти.
Лигата предупреди дека во случај на слични инциденти, ќе се разгледа можноста за играње натпревари без гледачи или на алтернативни локации.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

