Теренс Крофорд и Канело Алварез ќе се борат на 13 септември за појасот во супер средна категорија во Лас Вегас, а „Netflix“ ексклузивно ќе го емитува целиот настан.
Во најавата за настанот, Крофорд и Алварез имаа конфронтација која се претвори во хаос и физичка пресметка, сето тоа организирано од Дана Вајт (првиот човек на УФЦ).
Тензии имаше долго пред борбата, а ескалираа откако Канело го турна Теренс.
Canelo pushes Crawford during the face-off 🔥🔥 pic.twitter.com/tznhWVhENk
— boxingstoked (@boxingstoked) June 22, 2025
Во промотивниот подкаст што го водеа Шакил О’Нил, поранешната НБА суперѕвезда, и познатиот поранешен квотербек на НФЛ, Том Брејди, како и Дана Вајт, имаше и вербална пресметка.
Канело Алварез го нападна Теренс Крофорд за неговиот кариерен резултат од 41-0, велејќи дека никогаш не се борел со елитен борец.
„Кога ќе ја погледнете неговата кариера, кажете ми еден елитен боксер“, рече Канело, предизвикувајќи хаос.
Крофорд му одговори со прашање:
„Значи, Виктор Постол не беше елитен борец?“ праша тој, на што Канело возврати: „Кој е тоа?“
Крофорд: „Бидејќи не е комерцијално, не значи ли дека не е елитно? Ни Рики Бернс не е елитен?“
Канело: „Поранешниот шампион од 40 години го победи Рики Бернс пред мене. Тој не беше елитен борец. Постојат шампионски боксери и елитни боксери. Постои разлика“
Крофорд: „Одлично, се борам со друг елитен боксер во септември“;
Канело: „Ќе откриеме сè. Ти си добар борец и се надевам дека Турки Алалшик, твојот чичко, платил доволно за овој меч, се надевам дека доби доволно пари бидејќи ова ќе ти биде последен меч“
Крофорд: „Можеби. Понекогаш, кога боксерите ќе влезат во рингот, не излегуваат исти. Канело има одлична биографија, се борел со многу шампиони, но погледнете на која возраст бил. Сите одамна ги немаше. Се бореше со Ерисланди Лара и мислам дека Лара го победи. Се бореше со Мејведер и видовте како помина. Се бореше со Бивола и загуби“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

