Хаос: Маскирани хулигани нападнаа навивачи на Ливерпул во Киев

Навивачите на Ливерпул кои пристигнаа нешто порано во Киев за да го запознаат градот пред финалето од ЛШ на нивните миленици се соочија со огромни проблеми по хаосот што настана во еден ресторан во центарот од главниот град на Украина. Имено, британските медиуми јавуваат дека група навивачи на Ливерпул биле нападнати од украински хулигани, кои влетале во ресторанот каде вечерале Англичаните и почнале да ги тепаат.

„Почнаа да летаат маси и столици, насекаде имаше стакло. Не стануваше збор за никаква провокација, бидејќи ние само седевме и ручавме, бевме десетина кои си ја гледавме својата работа. Тие влетаа, точно знаеја што прават и налетаа на нас како глутница од кучиња. Не дојдовме овде за вакви работи, само сакаме да гледаме фудбал, да навиваме за Ливерпул“ – коментираа британските фанови, додека украинската полиција веднаш уапси неколку лица вмешани во инцидентот.

Се вчитува...