Хаос на АТП листата: Прв на светот ќе биде играч без освоенa гренд слем титула – Надал зависи од двајца, постојат три сценарија!?

Новак Ѓоковиќ порано беше играч број еден во светот со дури 16.000 поени, но следниот понеделник екс-лидерот на АТП листата би можел да има помалку од 6.000 поени. УС Опен и дефинитивно донесе големи компликации во борбата за првото место на АТП листата!

Бранителот на титулата и се уште актуелен рекет број еден Данил Медведев беше поразен во осминафиналето од Ник Кирјос и сигурно нема да остане најдобар во светот следниот понеделник. Сепак, шокантниот пораз на Рафаел Надал од Френсис Тијафо направи уште повеќе да биде комплицирана листата, па сега се поставува големо прашање за тоа кој од тројцата тенисери ќе може да ја добие „титулата“ најдобар тенисер!

Следуваат комплицирани калкулации преку кои се дознае кој меѓу Надал, Карлос Алкараз и Каспер Руд ќе биде светски рекет број еден. Единствено сигурно е дека еден од тројцата ќе го наследи Медведев на таа позиција. Сепак, сега легендарниот Шпанец ќе зависи и од резултатите што ќе ги дадат сонародникот Алкараз и Руд.

Еве што му е потребно на секој од тројцата тенисери за да го добие првото место на АТП листата.

Надал ќе стане прв во светот само доколку ниту Руд ниту Алкараз не се пласираат во финалето на УС Опен. Второто сценарио гласи дека Алкараз ќе застане на лидерското место само ако ја освои титулата или изгуби во финалето од било кој, а тоа да не е Руд. Последното и трето сценарио вели дека Руд ќе дојде на челната позиција само во случај ако ја освои титулата или изгуби во финалето, но тоа да не е Алкараз.

Работите ќе станат јасни веќе во недела, ден кога е закажано големото финале.

Се вчитува...