Тензично беше и на трибините за време на големото дерби меѓу Работнички и МЗТ Скопје што аеродромци го добија со убедливи 59-73, на разочарување на домашните навивачи во СРЦ „Кале“.
Мечот беше прекинат меѓу првата и втората четвртина кога најпрвин едната навивачка група фрли хартија на терен, а другата одговори со петарди и пиротехнички средства.
Најголемиот проблем настана во третиот период, кога претставници на полицијата влетаа на трибината каде што беа сместени „Сити Парк Бојс“, изнесувајќи еден домашен навивач од салата. Домашните фанови беа бесни, па неколку минути подоцна се спакуваа и ја напуштија салата…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА