Хаос на „Емирати“: Бесен навивач со глава го удрил Рој Кин (ВИДЕО)

Дербито на 4. коло во Премиерлигата помеѓу Арсенал и Манчестер Јунајтед заврши со победа на „топџиите“ од 3-1 во натпревар кој беше одлучен во самиот крај, а истиот го одблежа и немила сцена каде во главна улога беше Рој Кин.

Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед кој сега е аналитичар и коментатор за „Скај“ додека се упатувал кон просториите на програмата бил нападнат од страна на револитран фан на Арсенал кој по погодокот на Гарначо, кој подоцна беше поништен поради офсајд се одлучил да влезе во физичка пресметка.

Според информациите на англиските медиуми Рин бил удрен во главата со глава, а брзата интервенција на Мика Ричардс и останати фанови спречија поголем инцидент.

Се вчитува...