Хаос на големото австриско дерби: Навивачите на Рапид и Австрија Виена се тепаа на терен (ВИДЕО)

Вечерва се одигра големото австриско дерби меѓу Рапид и Австрија. Домашните победија со 2-1, но сепак, ова големо дерби најмногу ќе остане запаметено по големите навивачки нереди кои се случија по последниот судиски свиреж.

Имено, гостинските навивачи на Австрија почнаа да фрлаат големо количество пиротехнички средства на теренот и на домашните трибини, а на навивачите на Рапид не им требаше многу време да одговорат на истиот начин.

Многу брзо на теренот се спуштија навивачите на двата тима, што резултираше со голем навивачки конфликт. Интересно, австриските медиуми јавуваат дека на полицијата и биле потребни неколку минути за да интервенира, па конфликтот прераснал во масовна тепачка меѓу две навивачки групи. Подоцна полицијата ги растера навивачите со солзавец.

Неколку лица се повредени, а првичните извештаи велат дека најмалку едно лице е во тешка состојба и било однесено со брза помош.

Се вчитува...