Хаос на испраќањето за Светското клупско првенство: Војна меѓу навивачите и полицијата (ВИДЕО)

Навивачите на Фламенго предизвикаа големи инциденти пред зградата на аеродромот во Рио на испраќањето на својот тим на Светското клупско првенство во САД.

Голем број навивачи се собраа пред аеродромот за да го испратат тимот на Фелипе Луис во САД. По некое време, сепак, карневалската атмосфера се претвори во немири и сцени на насилство и хаос од причини кои на почетокот не беа најјасни. Навивачите се судрија жестоко со полицијата.

На просторот пред зградата на аеродромот се случи вистинска мала војна.

Бразилските медиуми пишуваат дека полицијата била принудена на екстремни мерки за да ги спречи хулиганите во нивното лудило, активирале шок бомби, користеле бибер-спреј, а употребени се и гумени куршуми.

Брзо стана јасно од каде доаѓа големата нервоза на навивачите на најпопуларниот бразилски клуб, поради што собирот се претвори во протест, а протестот во насилство.

Имено, навивачите на Фламенго се лути на фудбалерот на тимот Гершон кој се согласи на трансфер во Русија, во тимот на Зенит, од нивна гледна точка тој се продал себеси и со тој чин си залепил етикета на „предавник“.

Се вчитува...