Хаос на Кипар: Мечот Црвена Звезда – Ботев е прекинат поради тепачка (ВИДЕО)

Подготвителниот натпревар помеѓу Црвена Звезда и Ботев кој се играше на Кипар, е прекинат на 20 минути пред крајот, откако настанала голема тепачка меѓу играчите на двата тима, при водство на српскиот тим од 2-1.

Тепачката ескалирала кога Спајиќ стартувал над Барбоса, по што овој го удрил по лице. Тогаш сите играчи и членови на стручните штабови влетале на терен. И покрај тоа што ситуацијата се смирила, Звезда не сакала да игра.

И покрај тоа што Ботев сакал да продолжи натпреварот, сепак, тренерот на Звезда ја повлекол екипата и не сакал да го доврши мечот.

Се вчитува...