Бразилски Флуминенсе и аргентинска Бока јуниорс ќе играат утре во финалето на Копа Либертадорес. Во пресрет на борбата за титула во јужноамериканската Лига на шампиони во бразилскиот град владее хаос.
Според најавите, во Рио се очекуваат повеќе од 100.000 Аргентинци, а веќе дојде до суди на двете навивачки групи поради што интервенираше и воената полиција. Веќе има и десеттици уапсени навивачи од двете страни кои предзвикале хаос на Копакабана.
За да ги смири навивачите, полицијата користела и „шок-бомби“, гумени куршуми и солзавец.
Horrific scenes, CONMEBOL has to do something.
— All About Argentina 🛎🇦🇷 (@AlbicelesteTalk) November 2, 2023
Дополнителен проблем за Рио претставува и концертот на рок-бендот Ред Хот Чили Пеперс. Канцеларијата на градоначалнкот проценува дека овие случувања ќе привлечат околу 400.000 посетители.
#WATCH : Another video of Brawl breaks out on Copacabana Beach between rival Boca Juniors and Fluminense fans ahead of Copa Libertadores final.#CopacabanaBeach #BocaJuniors📷 #Boca #CopaLibertadores #latestnews #BREAKING #Brazil #Fluminense📷 #RiodeJaneiro pic.twitter.com/H7YRYFZXKr
— upuknews (@upuknews1) November 3, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА