Хаос на меч во Србија: Масовна тепачка има и уапсени

На натпреварот во Ужице, помеѓу Борац од Чачак и Вождовац се случи вистински хаос, а тој мораше да биде прекинат поради тепачка меѓу навивачите и полицијата.

Натпреварот беше прекинат во 25. минута откако навивачите на номиналниот домаќин Борац и полицијата се судрија на атлетската патека на стадионот „Радомир Антиќ“.

За тоа време главниот судија на натпреварот Саша Ранисављевиќ реши да ја прекине играта и да ги отстрани двете екипи од теренот. По интервенцијата на полицијата и празнењето на дел од трибините, тој можеше мирно да го продолжи овој натпревар помеѓу двата тима.

Се вчитува...