Светската боксерска шампионка во перо категорија по ВБО, Полјачката Ева Бродничка ќе ја брани титулата против Аргентинката Едит Матис.
Воочи борбата на мерењето дојде до голем проблем. Бродничка ја испровоцира противничката бакнувајќи ја во уста, а Аргентинката на тоа одговори со шамар. Полјачката веднаш возврати, а поголем инцидент спречи обезбедувањето.
„Дали си ти нормална“, изјави Аргентинката откако двете боксерски беа раздвоени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА