Хаос на прес пред УФЦ 272: Пцовки, навреди кон семејство, политички ставови… (ВИДЕО)

УФЦ 272 ни ја носи главната борба меѓу Хорхе Масвидала и Колби Ковингтон. Оваа борба треба да биде невиден спектакл бидејќи овие двајца борци едноставно не можат да се поднесат, а нивната нетрпеливост дојде до израз уште на официјалната прес-конференција.

Масвидал од првата секунда тргна со навреди нарекувајќи го Ковингтон со различни погрдни имиња, додека овој му возврати со навреда кон семејството и неговите политички ставови.

Границата ја премина кога ги навреди детето и сопругата на Дастин Поире со кој исто така е во лоши односи.

 

Се вчитува...