Изминатите денови во Загреб се одржува младинско светско првенство во ватерполо, кое вчера се најде во фокусот на јавноста од сосема погрешни причини – голем инцидент што се случил за време на натпреварот меѓу Србија и Италија.
Судиите имаа полни раце работа, откако доделија дури 11 црвени картни, од кои шест играчи на двете селекции беа исклучени без право на замена.
Како што информира „Спортске Новости“, главна виновничка за големиот инцидент е мајката на еден од италијанските ватерполисти, која ги загубила нервите откако нејзиниот син се пожалил дека противниците го фаќале за тестисите. Мајката на голманот Рубини тотално ја загубила контролата, фрлајќи пластично шише кон клупата на српската репрезентација, по што следел хаос.
Дел од Србите потрчале кон трибините за да се пресметаат физички со неа, Италијанците ја бранеле, а за среќа страстите по неколку минути биле смирени и мечот продолжил.
Дуелот бил суперинтересен до самиот крај, а Србија стигнала до победа од 16-14, и тоа по изведување на пенали.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

