Жесток судир на почетокот на вториот тренинг на патеката Сузука, за време на Големата награда на Јапонија во Формула 1.
Австралиецот Џек Дуан изгуби контрола над својот автомобил Алпина и се удри во заштитниот ѕид.
Иако автомобилот беше речиси целосно уништен, за среќа, Дуан не беше повреден без проблеми излегувајќи од пилотската кабина. Според првите шпекулации, се чини дека ДРС системот на Австралиецот откажал на стартната линија, односно не се затворил по линијата, што довело до лебдење на задниот дел од болидот.
A sizeable crash for Jack Doohan in FP2
He is OK and out of the car#F1 #JapaneseGP pic.twitter.com/uCDCUcGKcy
— Formula 1 (@F1) April 4, 2025
По пауза од 25 минути, тренинзите продолжија, но возачите не се ни загреваа, кога следеа нови прекини.
Најпрво Фернандо Алонсо се заглави во песокот, а потоа дојде до бизарен пожар покрај патеката, што е зачудувачки ако се знае дека температурата е само 14 степени Целзиусови.
МЕКЛАРЕН НАЈБРЗ…
Што се однесува до резултатите на првиот тренинг, најбрз беше возачот на Мекларен, Ландо Норис, кој возеше за 1:28.549 минути. Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел беше втор со заостанување од 0,163 секунди, додека Шарл Леклер од Ферари беше трет со 0,416 секунди заостанување.
Седумкратниот светски шампион, возачот на Ферари, Луис Хамилтон заврши четврти, додека актуелниот светски шампион Макс Верстапен од Ред Бул беше петти. Новиот совозач на Ред Бул, Јапонецот Јуки Цунода, заврши на шестото место.
Најбрз на скратениот втор тренинг беше вториот возач на Мекларен, Оскар Пјастри со време од 1:28.114. Норис беше втор со заостанување од 49 илјадити делови од секундата, а третото време го постигна Исак Хадар во Рејсинг Булс (РБ) со речиси половина секунда послабо време од Пјастри.
Хамилтон повторно имаше четврто време, а другиот возач на Рејсинг Булс, Лиам Лосон беше петти.
Третите тренинзи и квалификациските сесии се одржуваат в сабота, додека стартот на Јапонското ГП е закажан за в недела од 07 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА