Актуелниот македонски шампион Вардар има предност од 13-10 на полувреме против Еурофарм Пелистер во првото вечно дерби сезонава во Суперлигата.
Големото значење на натпреварот кој одлучува за титулата си го направи своето па и двата тима го отворија мечот како во грч. По пет минути видовме повеќе промашувања од погодоци, а резултатот на семафорот изнесуваше 1-1.
Силните одбрани и големиот број на грешки во нападот продолжија и во следниот период. Атанасијевиќ беше единствен расположен кај гостите, додека кај домаќините тоа беше Моралес кои постигнаа по два гола, а и по 12 минути резултатот беше нерешен 3-3. Првиот прекин во дербито се случи во 12. минута кога голманот на „пелистерци“ Урбан Лесјак беше погоден со паричка од трибините.
Ниту еден тим не успеа да се одвои ниту во следниот период, па по 16. минути игра од првото полувреме резултатот се уште беше нерешен 6-6. Со самото доаѓање на Чкембарите во 17. минута во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје стигнаа и првите инциденти во вечното дерби. Навивачите на битолскиот клуб по самото влегување почнаа да фрлаат факели кон публиката, по што беа испровоцирани Комитите кои упаднаа на теренот и возвратија со фрлање на предмети кон битолските навивачи. По паузата требаше пет минути за да го видиме првиот погодок откако Кисум во 21. минута донесе ново водство за гостите (7-6), по што Владо Недановски го побара првиот тајм-аут. Првпат еден тим до два гола предност стигна во 29. минута кога со голот на Дејан Манасков, Вардар поведе со 12-10. До крајот Вардар постигна уште еден гол и на полувреме замина со предност од 13-10.
Дејан Манасков со четири гола беше прво име во таборот на „црвено-црните“ додека кај Еурофарм Пелистер три постигна Каспер Кисум.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА