Хаос по дербито: Ракометарите на Пелистер нападнати на патот кон соблекувалните (видео)

Вечното дерби мина во спортска битка на теренот, но за жал мега-дуелот имаше и темна страна – поради однесувањето на навивачите.

„Чкембари“ веднаш по влегувањето во салата направија огромен инцидент фрлајќи запален факел кон соседната трибина поради што битолчани подоца беа отстранети од арената, а до голем инцидент дојде и по завршувањето на мечот во „Јане Сандански“ откако гостинските ракометари беа нападнати додека се движеа кон соблекувалните.

Од видеото што се шири по социјалните мрежи јасно се гледа и мешаницата во која се вклучени ракометарите на Пелистер и уште неколку лица, за кои не се знае дали се официјални лица како обезбедување на мечот или пак членови на навивачката група „Комити“.

Во секој случај, инцидентот е за осуда бидејќи во период кога ракометот е спорт број 1 во државата, ваквите несакани епизоди не се од корист никому.

Се вчитува...