Хаос по дербито во Италија: Во Јувентус бесни на судијата, бараат оставки

Интер и Јувентус ни приредија уште едно спектакуларно дерби на Италија синоќа, а овој пат тимот на Кристијан Киву победи со резултат од 3:2 во Милано .

Сепак, величествениот фудбалски настап беше засенет од одлуката на судијата Федерико ла Пења, која веројатно го одреди текот на натпреварот, кога го исклучи Пјер Калулу во 42-та минута откако искусниот Алесандро Бастони падна. 

Веднаш по натпреварот, речиси се случи инцидент кој се закануваше да прерасне во физички конфликт кога генералниот менаџер на Јувентус, Дамиен Комоли, агресивно се движеше кон судијата Ла Пења, додека присутен беше и тренерот на „бјанконерите“, Лучијано Спалети, кој не присуствуваше на прес-конференцијата.

На негово место, Комоли и директорот на Јуве, Џорџо Кјелини, се појавија пред печатот и побараа оставка од претседателот на Комисијата за судии на Серија А, Џанлука Роки, нарекувајќи го судењето „неприфатливо и срамно“.

Од друга страна, тренерот на Интер, Кристијан Киву, го пофали Јуве под водство на Спалети, но се осврна и на деталите од контактот за време на исклучувањето.

„Беше лесен контакт, но сепак е контакт. Мојот играч го почувствува допирот и трчаше со полна брзина. Калулу е искусен играч и треба да знае дека во такви ситуации рацете ги држите за себе. Да имав жолт картон, немаше да ставам рака на противникот, особено не во контранапад“, објасни Киву.

Тоа нема да ги убеди навивачите на Јувентус кои мислат дека судијата сепак донел погрешна одлука…

Се вчитува...